Секој клиент што добива сајт го поминува истиот пат: влегува во админ панелот на PrestaShop, гледа десет ставки во менито, и не знае од каде да почне.
Ова упатство го води чекор по чекор — не што може да се направи, туку што треба и по кој редослед.
Што опфаќа
- Како се додава производ — со варијанти, залиха и слики
- Каде се подесуваат цени, попусти и ДДВ
- Како се поставува достава по региони
- Каде се гледаат нарачките и како се менува статус
- Што да правиш кога купувач пријавува дека нешто не работи
Вклучува и решение за најчестата грешка — „нема достапна достава".
Отвори го целото упатство за PrestaShop →
Ако нешто не е јасно или не одговара на твојата верзија — пиши ни и ќе го дополниме.